КРИТИЧНА СОСТОЈБА ВО БРАЗИЛ: Бројот на починати од Ковид-19 надмина половина милион

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи кај заразените од Ковид-19 во Бразил надмина половина милион, а експертите предупредуваат на опасноста од понатамошно ширење на вирусот поради бавното спроведување на вакцинацијата и почетокот на зимата на јужната хемисфера.

„Здравствениот институт Фиокруз предупредува дека ситуацијата е критична и дека „само 15% од возрасните граѓани се целосно вакцинирани“, пренесува Би-Би-Си.

Иако вирусот продолжува да се шири, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одби да ги поддржи превентивните анти-епидемиолошки мерки како што е социјалното дистанцирање.

Конгресот го истражува однесувањето на владата за време на пандемијата, а претседателот Болсонаро е жестоко критикуван за неспроведување на координиран национален одговор на инфекцијата и за неговиот скептицизам во врска со вакцините и ограничувачките мерки како заклучување и носење заштитни маски.

Опозицијата го обвинува претседателот за одложување на набавката на вакцини од политички причини и за намерно и доследно намалување на сериозноста на ситуацијата и сериозноста на пандемијата.

Илјадници луѓе низ Бразил протестираа против владата во саботата, барајќи повлекување на Болсонаро и побрзо спроведување на програмите за вакцинација.

Слични содржини