Крива Паланка: И покрај забраната се вртат свадбени орa без маски и дистанца (ВИДЕО)

од Берта Китинска

На социјалните мрежи објавено е видео од ресторан во Гиновце, Крива Паланка каде викендов била организирана свадба во затворен простор.

Иако забраната за организирање веселби поради опасност од ширење на вирусот се уште е на сила, очигледно за некои угостители оваа одлука не важи.

Со ваквото однесување, овие луѓе го доведуваат во опасност и сопственото, но и здравјето на сите граѓани

Во Македонија во саботата беа регистрирани 241 новозаразени со коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера побара од надлежните институции – МВР и инспекторатите да спроведат истраги и да ги санкционираат забавите во повеќе градови за кои се објавени фотографии на социјалните мрежи, а кои се во спротивност со пропишаните здравствени протоколи.

Ginovce Kriva Palanka

Публикувахте от Patricija Kalamaras в Неделя, 19 юли 2020 г.

Слични содржини