Кривата на заразени во благ пад

од Берта Китинска

Во периодот од 13 до 19 септември регистрира помалку новозаразени со Ковид-19, велат податоците на Институтот за јавно здравје

Едно исто лице во Македонија дури три пати се заразило со коронавирусот.

Вкупно се регистрирани 522 реинфекции, заклучно со 19 септември. Овој податок стои во неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од пријавените случаи на реинфекција, 5 луѓе починале.

Во државава досега се вакцинирани вкупно 774.422 граѓани. Согласно вчерашните податоци регистрирани се нови 554 случаи на Ковид-19 од направени 4.072 тестирања. Оздравени се 891 пациенти, а пријавени се 17 починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Слични содржини