Кривичен: Адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи

од Vladimir Zorba

Согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од десет судења за итни и неодложни предмети и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од судот апелираат до дел од адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи и почитувањето на мерките на Светсктата здравствена организација и Владата на РСМ во однос на превенција за ширење на вирусот Ковид -19.

– Судот, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците: март и април, од која листа во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од 10 судења и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката. Токму затоа и судењата со поголем број странки се одвиваат во една од трите поголеми судници каде има доповолно простор и одалеченост меѓу присутните како што беше и денешниот пример со предметот во јавноста познат како „Титаник“ на кој во делот за јавност имаше и присутни претставници на медиумите, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Основниот кривичен суд нагласуваат дека судот редовно се дезинфицира, се мери температура со безконтактен уред на секој кој влегува во зградата, се користат медицински маски и стерилни ракавици и фреквенцијата на луѓе е сведена на минимум.

Како би се спречиле сите шпекулации, од Судот ги повикуваат медиумите и претставниците на невладините организации кои ја следат работата на судот, доколку се во можност да присуствуваат не некоја од идните закажани расправи како би се увериле во условите за судење.

– Судот, се до добивање нови напатствија од Судскиот совет и Министерството за правда е должен да се води по нивните досегашни одлуки и да ги штити правата на обвинетите и оштетените во постапките, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот уште еднаш апелира дека и адвокатите кои ги критикуваат мерките кои ги презема судот, а дел од нив од претходно ги известиле судиите дека се спречени да присуствуваат на судењеата и воопшто не се појавиле во судската зграда изминатите денови, дека сите подеднакво треба да ги почитуваме препораките и да дадеме придонест во борбата со вирусот.

Слични содржини