Кривичен суд: За бегањето на осомничениот е задолжена затворската полиција

од Nikola Popovski

Во однос на одередени медиумски натписи дека „Осомничено лице избегало од Кривичниот суд“, ја информираме јавноста дека се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затворската полиција, а не во просториите на Основниот кривичен суд, соопштија од судот.

„Имено се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19.

Заради тоа, за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установ и МВР“, соопштија од Кривичниот суд.

Утринава беше објавено дека пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

Слични содржини