Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

од Vladimir Zorba

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход, не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари.

Слични содржини