Секторот за внатрешни работи од Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К. (27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, соопшти денеска МВР, било сопрено моторно возило управувано од осомничениот. По извршениот преглед, под седиштето на возилото биле пронајдени пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција.

– Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што бил пронајден еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми непознати марка и калибар, за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење, се појаснува во соопштението од МВР.

Слични содржини