Кривична пријава за Тодоров и Кралев – го оштетиле Буџетот за 80.000 евра

од Vladimir Zorba
Финансиската полиција поднесе кривични пријави за поранешните министри за образование и наука Никола Тодовор и Панче Кралев кои се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со јавна набавка за реконструкција на Домот на АРМ во Охрид.

Кривична пријава е поднесена и за И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра.

„МОН во текот на 2009 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка склучило договор за градење со изведувачот ‘Конструктор инжинеринг’ АД Сплит за реконструкција и адаптација на Домот на АРМ во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии. Првопријавениот Н.Т. како министер за образование и наука имал обврска да ги почитува законските процедури наведени во договорот и да го заштити Буџетот на МОН. Второпријавениот И.Е. како советник за капитално инвестирање имал обврска, согласно условите и роковите наведени во договорот, да ја следи реализацијата на договорот за градење и да го известува министерот за образование и наука за текот на изведбата како и за сите настанати проблеи при изведбата“, нагласува Финансиската полиција.

Осомнчените во текот на 2009 година не презеле активности за активирање и наплата како и не побарале продолжување на рокот за важност на банкарската гаранција за добро извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот.

„Со неизвршување на службената положба и овластување пријавените Н.Т. и И.Е. го оштетиле Буџетот на МОН односно Буџетот на РМ за 4.761.207 денари“, соопшти Управата за финансиска полиција.

Слични содржини