Кривична за двајца охриѓани, полицијата им пронашла хероин

од Vladimir Zorba

Жители на охридското село Долно Лакочереј се приведени, откако полицијата во возилото им пронашла и одзела хероин.

Како што велат од МВР, тие поднеле кривична пријава против И.С.(47) и Г.С.(40) од селото, поради основано сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„При извршен преглед во патничко моторно возило, на улицата „Абас Емин“ во Охрид, во кое биле пријавените, полицијата пронашла и одзела хероин“, соопштуваат од МВР.

Слични содржини