Кривична за сопственикот на коњот што се движеше во спротивен правец по автопатот Тетово-Скопје

од Nikola Popovski

СВР Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.К. од Тетово, под сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот се сомничи дека на 21 септември годинава, во периодот од 14 до 14:30 часот, без надзор и контрола го оставил неговиот коњ со запрега, кој почнал да бега по автопатот Тетово-Скопје, односно да се движи во спротивна насока и да ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Тогаш на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како коњ кој влече запрежна приколка трча во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово.

На видеото се гледаше дека во потерата по него се вклучиле повеќе полициски возила.

Слични содржини