Кривична за стружанец за трговија со оружје

од Aleksandar Todeski

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Л. (53) од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што стои во соопштението на МВР,  на 19.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во дом на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар.

Слични содржини