Кривични пријави за три лица во Битола: Надрилекарство и сериозна злоупотреба при породување со царски рез

СВР Битола, денес покрена кривични пријави против три лица, во однос на извршена злоупотреба на службената положба и овластување, како и фалсификување на службена исправа, и надрилекарство.

Имено, како што е познато, двајца гинеколози во болницата во Битола, ги пречекориле своите овластувања и дозволиле, сопругата на едниот лекар од нив без лиценца за работа, да направи породување со царски рез.

„Првопријавениот и второпријавениот како доктори пречекорувајќи ги своите посебни овластувања во вршење на должноста и овозможиле на третопријавената на 01.01.2020 без соодветна лиценца за работа издадена од Лекарска комора на РСМ, да даде медицинска помош- изврши оперативна интервенција, породување со царски рез во ЈЗУ Клиничка болница Битола – операциона сала на Одделение за гинекологија и акушерство врз родилка.

По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година“, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Слични содржини