Кривични за поранешни министри за локална самоуправа и нивни соработници

од Vladimir Zorba

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица и тоа Љ.Ш. и С.Ф. министер за локална самоуправа во период од 2015 до 2017 година, М.М.П. во својство на државен советник за европски интеграции во Министерството и Б.Р во својство на одговорно лице за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија.

Пријавените Љ.Ш. и С.Ф. во својство на министер за локална самоуправа во периодот од 2015 до 2017 година заедно со третопријавената М.М.П. и четвртопријавената Б.Р. со пропуштање на должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности на начин што во проектот на ИПА Фондовите наменети за техничка помош на Министерството за меѓугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија склучиле, потпишале и исплатиле четири Договори за дело за користење на интелектуално консултантски улсуги помеѓу Министерството и М.М.П. и Б.Р. кои се во редовен работен однос во Министерството, а како наводно дополнително ангажирани лица преку Младинска агенција ДОО-Скопје незаконски примиле 2.198.243 денари за која сума го оштетиле Буџетот на Министерството“, соопшти Финансиската полиција.

Со цел да го прикријат делото, четворицата пријавени дале налог на Младинска агенција ДОО-Скопје во фактурите наместо да бидат наведени личните податоци, истите да бидат само нумерички изразени и тоа третопријавената М.М.П. како експерт бр. 12, а Б.Р. како експерт бр. 13 за што М.М.П. изработила и потпишала и до Младинска Агенција ДОО-Скопје доставила список со експерти за исплата, на кој начин ги прикрила личните податоци и статусот како вработени во Министерството при исплата на паричните средства.

Горенаведеното се потврдува и со ревизорски извештај за незаконски исплатени парични средства на ангажирани вработени лица како експерти во вкупен износ од 2.198.243 денари кои парични средства од страна на Министерството за локална самоуправа се вратени на ИПА Фондовите, со што е нанесена штета на Буџетот на Министерството“, велат од Финансиска полиција.

Слични содржини