Криворучко: Првиот „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воздухопловни сили

од Aleksandar Petrovski

Првиот сериски произведен борбен авион од петата генерација „Су-57“ е подготвен за испорака на руските воено-воздухопловни сили, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, Алексеј Криворучко.

-Што се однесува на програмата за создавање авион од петата генерација, можеме да видиме дека првиот сериски произведен „Су-57“ е подготвен за испорака на трупите, рече Криворучко и додаде дека тој ќе биде испорачан во армијата пред крајот на годината.

„Следната година очекуваме да добиеме уште еден таков авион, а подоцна неговото производство многукратно да расте“, додаде рускиот заменик министер за одбрана по посетата на водухопловното претпријатие „Космомолск-он-Амур“, што ги гради најсовремените руски борбени авиони, јави Тасс.

Според моменталниот договор, руските воздухопловни сили до 2028 година ќе добијат 76 борбени авиони „Су-57“ од петата генерација.

Слични содржини