КРИЗА ВО БРИТАНИЈА: Дури 37 отсто од граѓаните месецот го завршуваат со празни паричници

од Vladimir Zorba

Во Британија, 37 отсто од граѓаните го завршуваат месецот со празни паричници, а речиси четвртина, 24 отсто од нив, немаат доволно пари за основни потреби ниту повеќето месеци, ниту повеќето денови, покажува истражувањето нарачано од иницијативата „Заедно низ кризата“.

Дури и во 10-те најбогати изборни единици во Британија, 19 отсто од граѓаните изјавиле дека не можат да си ја платат храната или сметките до крајот на повеќето месеци. Во 10-те најсиромашни изборни единици нивниот удел е 26 отсто, покажува истражувањето.

Вкупно шест отсто од граѓаните не можат да платат за основните потреби повеќето денови во месецот, а во најсиромашните области тој процент се искачува на 11 отсто. Околу 67 отсто од граѓаните рекоа дека британската влада „не прави доволно“ за да се справи со кризата со трошоците за живот.

Членовите на иницијативата напишаа отворено писмо до премиерот Риши Сунак и до министерот за финансии, Џереми Хант барајќи од нив „да преземат акција за да се осигураат дека кризата прикажана со овие бројки не стане „новото нормално“ во Британија“.

Слични содржини