Кризата укинува 400 милиони работни места на глобално ниво

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународната организација на трудот очекува работното време да падне на глобално ниво за 14 проценти во вториот квартал на 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирус, пренесува „Аваз“.

Овој пад е еднаков на загубата на 400 милиони работни места со полно работно време на глобално ниво во вториот квартал, заснована на стандардна 48-часовна работна недела.

Меѓународната организација на трудот претходно предвидуваше пад од 10,7 проценти на работното време или загуба од 305 милиони работни места за тој период.

Северна, Централна и Јужна Америка беа најтешко погодени, со околу 18,3 проценти пад на работното време или загуба од 70 милиони работни места со полно работно време.

Слични содржини