Крмов: Намерно пративме луѓе од Левица да учествуваат во пописот

од Nikola Popovski

Мислам дека ДЗС ќе го заокружи процесот со огромен број на непопишани и после со дата-базите да пополнуваат празнини, вели пратеникот од Левица, Борис Крмов за пописот во емисијата „Само вистина“.

Според него, овој процес е чисто политички процес и тоа се гледало од Законот и методологијата.

-Никој не може да попишува некој друг во туѓо име. Не можете да давате податоци на таков начин. Ние имаме информации дека лап-топите не им функционираат, па така попишуваат преку матични броеви праќани преку „Месинџер“. Ова е спротивно на стандардите на ОН и никаде го нема во свет, информира Крмов и додава дека во процесот на попис има и луѓе од Левица кои намерно биле пратени да учествуваат.

Слични содржини