Крмов: Попрво би лежеле затвор отколку да гласаме за уставни измени

од Nikola Popovski

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов категорично отфрли дека тој и лидерот на партијата, Димитар Апасиев би гласале за уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Уставот.

-Се надевам дека никогаш нема да се случат. Што се однесува до нас, ние попрво би лежеле затвор отколку да кренеме рака за такво нешто. Алтернативата е таа, тоа ќе се одбие и ќе дојде нешто друго, рече Крмов во емисијата „Само вистина“.

Тој повтори дека францускиот предлог е всушност предлог на Софија.

-Тој мораше да биде одбиен. Ние губиме 99 спрема 1, кажа пратеникот на Левица.

Слични содржини