Крмов за амандманите: Издејствувавме прекинување на комисијата, ќе видиме што била причината за отфрлање

од Nikola Popovski

Опозицијата здружено издејствува прекинување на комисијата и опасниот преседан со паушалното отфрлање на амандманите не помина, објави пратеникот на Левица, Борис Крмов на социјалните мрежи.

Според него, Комисијата ќе продолжи со работа во понеделник во 11:30 часот, а претходно на координација „ќе видат што била причината за отфрлање“.

-Нам мандатот и правата не ни ги даваат Талат Џафери или Зоран Заев, туку граѓаните и Уставот на Република Македонија и ние не отстапуваме, напиша Крмов.

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, процедурално се обрати во Собранието откако спикерот Талат Џафери ги фрли во корпа амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта.

„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидувате ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание!“, вели Апасиев.  Тој најави инциденти ако се одржи седницата на Комисијата.

Слични содржини