Кројф за „групата на смртта“: Овојпат Левандовски е во Барса, а не во Баерн

од Vladimir Zorba

Директорот на Барселона, Жорди Кројф, откри дека не е загрижен поради тоа што Каталонците ќе бидат вмешани во таканаречената „група на смртта“ во Лигата на шампионите. Барса е во групата Ц заедно со Баерн (Минхен), Интер и Викторија (Пилзен).

Шпанците имаат доста лоши сеќавања од последните средби со Баварците, но Кројф е мирен бидејќи сега Роберт Левандовски е на Камп Ноу, а не на Алијанц Арената.

„Добрата работа е што овој пат Левандовски е со нас. Ова ќе бидат посебни натпревари за него. Последните три или четири натпревари со Баерн беа тешки, но ние се засиливме и сега сме сосема поинаков тим. Подготвени сме да се соочиме нив“, прокоментира Кројф.

Тој го сподели своето мислење и за другиот сериозен ривал во групата во лицето на Интер.

„Италијанските тимови се секогаш опасни. Интер сериозно се засили. Лукаку им се врати, а таму е и Лаутаро“, изјави Холанѓанецот.

Не го одмина последниот учесник во групата – Викторија (Пилзен).

„Тие се физички тим и играат директен фудбал со брз ритам. Ги почитувам како тим, но очекувам да ги победиме“, заклучи Кројф.

Слични содржини