Јовановиќ: Крокодилските солзи на текстилните газди

од Ивана Рамаданова

Ги слушам текстилниве газди, пак крокодилски солзи, ќе колабирала текстилната индустрија од покачувањето на минималната плата, пишува економскиот експерт и поранешен советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил.

„Ај малку бројки.

Според годишните сметки за 2018 (последна година за која има податоци), во државава има 1.026 активни фирми од гранките текстил и облека. Во нив имало вкупно 35.278 вработени, со просечна месечна нето плата од 15.477 денари (тука се влезени и платите на директорите/газдите).

Истите тие 1.026 фирми оствариле вкупна нето добивка по оданочување (вклучувајќи ги и загубите на фирмите со загуба) од 19 милиони евра, односно, 18.582 евра по фирма.

Значи, за работниците плата од 15.000 денари, за газдите добивка од 18.000 евра (дополнително на платата).

Или, за работниците минималец, за газдите џипче.

Не, нема да колабира текстилната индустрија од покачување на минималната плата. Ќе колабира државава од вашата алчност, од вашата проклета желба да возите џипови (и авиони, како што кажа еднаш еден ваш претставник), а работниците да ги експлоатирате и да им фрлате трошки.“

Автор: Бранимир Јовановиќ,  економскиот експерт и поранешен советник во Министерството за финансии – Фејсбук статус

Слични содржини