Крос: Добро е за Реал што Меси замина, можеби некој од Париз ќе дојде кај нас

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, во својот подкаст „Einfah mal Lupen“ зборуваше за заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ.

Германскиот играч за врска истакнува дека тоа може да биде добра работа за „принцовите“, бидејќи е можно еден од играчите на францускиот клуб да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Аргентинецот не можеше да остане на „Камп Ноу“ поради големите долгови на Барселона и се пресели на „Паркот на принцовите“. Од друга страна, веќе долго време се зборува дека Килијан Мбапе би можел да го засили Реал, откако влезе во последната година од договорот со ПСЖ.

– Веројатно има нешто добро во тоа заминување, бидејќи нашиот најголем ривал го загуби најдобриот играч. И можеби ќе се случат повеќе добри работи. Можеби ќе дојде некој од Париз … – рече Крос во подкастот и почна да се смее, по што додаде: „Ако тоа се случи, не знам, тогаш овој трансфер на Меси нема да биде недостаток за нас“.

Слични содржини