Крос има три опции за својата иднина

од Vladimir Zorba

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос ќе одлучува за својата иднина следната сезона, објави АС на својата насловна страница денес.

Клубот се уште не успеал да преговара со 32-годишниот фудбалер за продолжување на неговиот договор кој истекува следното лето.

Германскиот репрезентативец има три опции: да остане во Реал Мадрид, да се пресели во поскромен тим или да ја заврши кариерата.

Крос минатата сезона постигна три гола и даде три асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини