Крв, солзи и пот – Меси дава сè за Аргентина

од Stefanija Kuzmanovska

Лионел Меси не се штеди кога игра за Аргентина, иако многумина го критикуваат затоа што со „гаучосите“ не успеа да ги достигне височините што ги „освои“ со Барселона.

Покажа дека дава најдобро за репрезентацијата и ова лето, за време на кое ја водеше Аргентина до финалето на Копа Америка.

Во полуфиналето, Аргентина ја елиминираше Колумбија на пенали, благодарение на голманот Емилијан Мартинез, но Меси повторно беше еден од главните актери.

Покрај тоа што во седмата минута му асистираше на Лаутар Мартинез за водство, Меси искрвари за својот тим, буквално.

Тој беше фаулиран од Колумбиецот Франк Фабра во 48-та минута со остар старт, па Меси крвареше од глуждот.

Колумбиецот му се извини, а за среќа, Аргентинецот успешно го продолжи натпреварот, освен краткото куцање.

Аргентина во финалето ќе игра со домаќинот Бразил, па ќе гледаме директен дуел помеѓу Нејмар и Меси.

„Гаучосите“ не ја освоија Копа Америка од 1993 година.

Слични содржини