КРВАВ ПОНЕДЕЛНИК: Полицијата во Мјанмар отвори оган и уби двајца демонстранти

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца демонстранти беа убиени денеска во градот Мичина во Мјанмар, на северот на земјата, кога полицијата отвори оган кон луѓето кои протестираа, потврдија очевидци на немилиот настан и додадоа дека неколку лица се повредени, пренесе „Ројтерс“.

Демонстрантите во Мјанмар протестираат секој ден по воениот удар и соборувањето на владата на премиерката Аунг Сан Су Чи на први февруари, која беше уапсена заедно со неколку членови на владата.

Досега, повеќе од 50 лица беа убиени во демонстрациите во Мјанмар.

„Уште еден крвав понеделник, овој пат на северот од Мјанмар, каде локалните медиуми пријавија најмалку две мртви лица, додека безбедносните сили пукаа за да ја растераат протесната толпа“, напиша Меј Вон, дописник од Индокина на својот Твитер профил.

Слични содржини