КРВАВ ПРОЛЕТЕН РАСПУСТ: Убиства, силувања, тепачки и вандализам во Мајами!

од Stefanija Kuzmanovska

Овогодинешниот пролетен распуст на Флорида ќе остане запаметен како еден од најлошите во последните години во САД!

Полицијата во Мајами беше принудена да воведе полициски час поради масовните собири на млади луѓе и на плажите и во кафулињата покрај брегот. Се разбира, присутните не ги следеа мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Речиси никој од нив не носеше заштитна маска и не држеше задолжителна дистанца, а и сè друго беше во изобилство.

Во последните пет дена се евидентирани три убиства, неколку силувања, десетици тепачки и уништување на јавен имот. Раскошните забави траеја со ноќи.

„Се обидуваме да се справиме со ситуацијата. Се надеваме дека наскоро ќе се отворат и другите градови и дека ќе се намали бројот на оние што ќе доаѓаат во Мајами за да се забавуваат“, истакна Дан Грлбер, градоначалникот на Мајами.

Полицијата уапси двајца мажи од Северна Каролина кои силувале девојка, која подоцна починала од преголема доза на дрога. Маж од Панама Сити е уапсен затоа што убил тинејџер од Кентаки, додека момче од Флорида настрадало  кога скокнало од 23-ти кат во хотелот под дејство на дрога и алкохол, но неговиот падобран не се отворил.

Полицијата во последните пет дена уапси повеќе од 1.000 лица за нарушување на јавниот ред и мир, како и за непочитување на полицискиот час.

Слични содржини