Крвава драма во Грција: Маж 14 пати ја прободел сопругата по што се обидел да се самоубие

од Stefanija Kuzmanovska

На грчкиот остров Крит дошло до тепачка меѓу сопружници, по што 30-годишна жена е хоспитализирана со тешки повреди на градниот кош, грбот и горните екстремитети.

Локалните власти соопштија дека жената била избодена 14 пати и дека веднаш била оперирана, пренесува „Катимерини“.

Таа моментално е стабилна, но во критична состојба.

Повреден е и нејзиниот сопруг кој е во тешка состојба, а според медиумите се обидел да се самоубие и да ја запали куќата, но пожарот го изгаснале соседите.

Грчките медиуми објавија дека 35-годишен маж по расправија со остар предмет ја нападнал својата партнерка, по што жената истрчала кај соседите кои ѝ помогнале.

Слични содржини