Крвава свадба во БиХ: Тепачка на веселбата, сцена како од хорор филм

од Nikola Popovski

Свадба во Посушје, БиХ била прекината кога околу три часот дошло до тепачка во која биле повредени двајца мажи, додека третиот учесник поминал без повреди.

Крвавите сцени од салата на венчавката во Посушје личат на сцени од хорор филм, а повредените се префрлени на понатамошно лекување во Мостар.

Станува збор за Н. П. (31) и T. B (24), а третиот учесник И.Ч. (43) бил пронајден од полициски службеници во семејната куќа, јавува „Кликс.ба“.

Вознемирувачките фотографиии од свадбата можете да ги видите на овој линк.

Кај третото лице било утврдено е дека не бил под дејство на алкохол, па по распитот бил пуштен на слобода.

По завршување на прекршочната постапка, на сторителите на ќе им бидат доставени прекршочни потерници, соопшти тамошното МВР.

Слични содржини