Крвава тепачка на плажа во Белгија: Летаа тупаници, чадори и лежалки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Масовна тепачка изби на белгиската плажа Бланкенберг. Откако спасувачите предупредија група од околу 40 млади луѓе дека седењето на пристаништето е забрането, започна хаосот, пишува „Брисел Тајмс“. Во видеото, кое кружи на социјалните мрежи и е доста вознемирувачко, можете да видите дека луѓето се тепаат едни со други, а чадори, лежалки и столчиња летаат во сите правци.

Градоначалникот Дафне Дамери ја затвори Бланкенберг по инцидентот. Полицијата пристигна и неколку лица беа уапсени. Жителите, сопствениците на други домови и туристите кои се веќе некое време таму, сепак ќе добијат пристап до Бланкенберг.

„Мислам дека ова е страшно“, рече Думери. „За луѓето кои доаѓаат со добри намери и сакаат да уживаат во Бланкенберг, ова е многу лошо. Мислам на децата и нивните родители“, рече таа.

Слични содржини