Крвава трка со бикови: Петмина повредени, двајца прободени

од desk2

Во шпанскиот град Памплона и годинава традиционално се одржа трката со бикови во која пет луѓе беа повредени, додека двајца се избодени од роговите на биковите.

Најтешко повредените се згрижени во регионална болница по трката која траеше две минути и 41 секунда, пренесува AP. Шест бикови трчаа на патека од 850 метри до арената со бикови.

Во текот на традиционалниот фестивал во Памплона пристигнаа повеќе од десетина илјади туристи за да ја гледаат трката.

По трката биковите влегуваат во арената каде се соочуваат со матадорите. За првпат фестивалот е одржан во 1924 година, а оттогаш загинале 15 луѓе кои учествувале во Сан Фермин.

Слични содржини