165
Извршниот директор на МЦМС, Александар Кржаловски, во „360 Степени“ изјави дека ВМРО-ДПМНЕ знае дека менувањето на Преспанскиот договор е невозможна мисија, но го користи за гласови.
Тој вели дека со оглед на тоа што мнозинството од граѓаните се против овој договор, тие сакаат да слушаат дека нешто може да се смени и ова може да донесе одреден број на гласови на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие се внимателни со секоја изјава, ќе го смениме ако освоиме 81 глас, што е невозможна мисија“, вели Кржаловски.