Кржаловски: Се поизвесно е дека нема да се одржи првата меѓународна конференција

од Aleksandar Petrovski

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во гостувањето на Сител истакна дека се поизвесно е дека нема да се одржи првата меѓувладина конференција, а прашање е и кога ако Бугарија продолжува со ваквата реторика.

-Се поизвесно е дека нема да се одржи првата меѓувладина конференција, а прашање е и кога ако Бугарија продолжува со ваквата реторика и условувањето дополнително иако не знаеме што е условувањето веројатно највисокото раководство е запознаено, но не споделува што се сега конечните барања на Бугарија и зошто смета дека не се исполнува договорот од пред три години за добрососедство.

Постигнувањето на таквиот договор со Грција кој беше попуштање, Бугарија очигледно го користи тоа.
За жал се сведува за нас или достоинствено останување надвор од клубот или понижување на секој чекор додека стигнеме во клубот.
Не очекувам евентуалната блокада од Бугарија да ја разниша владата на премиерот Заев, истакна Кржаловски.

Слични содржини