Куби Годинг Џуниор одрече дека сексуално нападнал жена во бар и сам се предаде на полицијата

од Vladimir Zorba

Пред само една недела, Куба Гудинг Јуниор беше уапсен поради обвиненија за сексуален напад. Една жена се пожали дека актерот ја допирал додека биле во бар. Тој негираше дека имало такво нешто, но одлучи да се предаде на полицијата за да биде испрашан. “Верувам во системот”, рече актерот.

На 21-ви јуни актерот поднел тужба во која сакал да се повлече обвинението поради недостаток на докази. Самиот Куба Гудинг тврди дека постои снимена евиденција  за ноќта кога наводно се случил со инцидентот.

На неа, според актерот, може да се види како тие разговараат со дамата и ништо повеќе не се случило.

Фото: Ројтерс

Засега името на жената која покрена обвиненија, не е јасно. Таа се уште не се појавила во судот за да ги раскаже своите обвинувања официјално. Се знае дека таа се јавила на полицијата доцна и рекла дека носителот на “Оскар” изгледа прилично пијан и се обидува да ја допира.

“Жртвата ѝ рекла на полицијата дека откако мажот се обидел да ја допре, таа се тргнала и двајцата се скарале”, тврди извор за BBC.

Фото: Ројтерс

Ова не е првото такво обвинување за Куба Јуниор. Во 2012 година, тој бил обвинет од барменка дека ја турнал. Таа тврди дека актерот поминал низ шанкот каде што работела, но бил лут на фановите кои сакале да се снимаат со него.

Жената побарала од него да се смири, а потоа, според нејзините зборови, ја удрил. Сепак, обвиненијата наскоро беа повлечени.

Фото: Ројтерс

Следното сослушување за обвиненијата ќе се одржи на 26-ти јуни, денеска.

Слични содржини