Куче заспа на теренот, судијата не сакаше да продолжи додека не се разбуди (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Животните често привлекуваат внимание со влегување на спортски терени, но едно куче ја „сврте“ играта, кажано жаргонски.

Почетокот на второто полувреме на парагвајскиот прволигашки натпревар помеѓу Сол де Америка и Гуарани беше одложен поради необична причина. Имено, едно куче истрчало во полето.

Ова не би било толку необично доколку кучето не решило да дремне на теренот.

Поради ова малку доцнеше почетокот на вториот дел, а судијата не сакаше да продолжи додека кучето не се разбуди и беше отстрането од теренот.

За среќа, сонот не траеше долго, а видеото стана хит на интернет.

Сол Америка на крајот победи со 1:0 со голот на напаѓачот Кристијан Дума од пенал во 76. минута.

Слични содржини