Кучето на Хамилтон заработува 700 долари дневно

од Vladimir Zorba

Едно од двете кучиња на светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се здоби со голема популарност како модел и заработува 700 долари дневно.

Британскиот пилот има два англиски булдози – Роско и Коко.

Хамилтон ги третира како деца, и често Роско и Коко го придружуваат на долгите патувања во приватниот авион на Британецот.

Роско е веќе професионален модел. Учествува во многу реклами и добива 700 долари дневно.

Хамилтон признава дека неговиот пријател го информирал за кастинг на кучиња, во кој учество зеле Роско и Коко, но само еден бил избран за модел.

Слични содржини