Кучињата на Бајден вратени во Делавер, Мејџор имал „блиска средба“ со вработен во Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Чемп и Мејџор, германските овчари на американскиот претседател Џо Бајден, наводно биле вратени во семејната куќа во Делавер, откако Мејџор имал „блиска средба“ вработен од персоналот за безбедност во Белата куќа.

Мејџор, кој има три години, бил посвоен од семејството Бајден во 2018 година и е првото куче во Белата куќа што доаѓа од засолниште.

Откако се пресели во Вашингтон, забележано е дека тој неколку пати се однесувал агресивно кон работниците и безбедносните лица, скокајќи, лаејќи и трчајќи кон нив за да ги избрка, пренесува Си-Ен-Ен.

Чемп, кој има 12 години, е физички помирен поради неговата возраст. Тој бил усвоен како кутре во 2008 година кратко време откако Бајден стана потпретседател.

Сепак, на официјалниот профил на Твитер на „првите кучиња“ на САД, стои дека не станува збор за агресивно однесување на Мејџор.

„Агресивно однесување? Никогаш! Доброто момче едноставно ги сака луѓето и сака да си игра. Ќе ми недостасува Белата куќа“, се наведува во твитот со потпис: Мејџор.

Слични содржини