Кучињата со веганска исхрана можат да бидат поздрави

од Vladimir Zorba

Иако се знае дека кучињата се месојади, студијата на австралиски и британски научници покажала дека ако се на веганска исхрана, можеби се малку поздрави.

Истражувачите од Универзитетот во Винчестер откриле дека ако четириножните животни не јадат животински производи или отпадоци, тие обично имаат помалку здравствени проблеми. Заклучоците се засноваат на податоците обезбедени од сопствениците на животни.

Сопствениците од веганска група пријавиле помалку случаи на дебелина, дигестивни проблеми, артритис и проблеми со очите и ушите.

Севкупно, 70% од сопствениците го оценуваат своето веганско милениче како „здраво“ во споредба со 55% од луѓето чии миленици јаделе конвенционална храна.

Сепак, овие бројки не докажуваат дека веганската исхрана е поздрава за нашите четроножни пријатели, велат ветеринарни нутриционисти кои ги прегледале резултатите.

„Ова е навистина студија за перцепциите на сопствениците“, вели д-р Џули Черчил, професор по ветеринарна исхрана на Колеџот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Минесота.

Черчил истакна дека е многу веројатно дека „сопствениците на домашни миленици“ кои им даваат веганска храна се самите вегани. Ова ги комплицира резултатите од студијата поради повеќе причини.

Бидејќи овие поединци веруваат дека веганството е најздравиот избор, тие може да ги сметаат нивните кучиња поздрави. Покрај тоа, според Черчил, веганите веројатно имаат генерално поздрав начин на живот и повеќе се движат, како и нивните кучиња.

На кучињата им треба многу протеини, рече Черчил, а тоа е полесно да се постигне со извори на месо. Веганските диети треба да бидат повнимателно дизајнирани за да се постигне оваа цел.

Студијата, финансирана од Организацијата за подигање на свеста за храната ProVeg International, опфати повеќе од 2.500 сопственици на кучиња. Повеќето од нив – 54%, го хранат своето куче со конвенционална храна на база на месо. Една третина пријавиле дека користат сирово месо, а 13% ги ставиле своите миленици на веганска исхрана. Севкупно, половина од анкетираните во групата со конвенционална храна рекле дека нивното куче има здравствен проблем, во споредба со 43% од оние кои јаделе сирово месо и 36% во групата вегани.

Според водачот на студијата Ендрју Најт, ветеринарен професор по благосостојба на животните во Центарот за благосостојба на животните на Универзитетот во Винчестер во Велика Британија, испитаниците обично користат комерцијална храна за домашни миленици наместо домашно зготвена храна.

Слични содржини