Ќучук: Дојдовме до ниска точка во односите со Македонија

од Nikola Popovski

Историскиот разговор е важен, но современиот разговор за човековите права е исто така суштински елемент, изјави бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за односите меѓу Скопје и Софија.

Тој ќе биде домаќин на форумот во Софија за Западен Балкан.

-Целта на форумот е да се врати довербата. Историската доверба е поткопана, достигнавме многу ниска точка во нашите односи со Северна Македонија, рече Ќучук во изјава за „БНР“.

Според него, идејата на конференцијата е да се соочат земјите со можност за соработка и искористување на потенцијалот на Европската унија.

-Се отвораат патеки на интеракција преку економијата, преку дигиталното поврзување, преку образованието, преку културата, додаде европратеникот.

Слични содржини