КУГЛОФ ОД ЛИМОН! Колач што го правеа нашите баби

од Vladimir Zorba

Кога ќе го спомнеме куглофот, веднаш помислуваме на колач кој не враќа во детството.

Состојки:

250 гр омекнат путер
250 гр обично брашно
четири јајца
две лажички прашок за пециво
четвртина од лажичка сол
220 гр шеќер во прав
рендана кора од три лимони

За сирупот:

100 гр шеќер во прав
сок од три лимони

Подготовка:

Измешајте ги брашното, солта и прашокот за пециво, а во друг сад изматете ги путерот, шеќерот и кората од лимон додека не добиете изедначена смеса.

Додадете ги јајцата едно по едно и продолжете со матење. Полека соединете ги двете смеси со процесор за храна и истурете ги во подмачкан калап за куглоф.

Печете околу 45 минути во рерна загреана на 180 степени.

За сирупот во тенџере измешајте шеќер и сок од лимон. Гответе, мешајќи, додека не зоврие. Тргнете од оган и оставете да се излади, па прелијте врз печениот и изладен куглофа.

Оставете го во калапот уште петнаесетина минути за да го впие сирупот.

На здравје!

Слични содржини