Кукан за ВМРО-ДПМНЕ: Многу е тешко да се работи со нив, не сакаат да се променат

од Vladimir Zorba

Европратеникот од Европската народна партија од Словачка, Едуард Кукан на големиот Форум на поврзаноста (Connectivity Forum) во Тирана беше прашан како се чувствува што ВМРО-ДПМНЕ им е сестринска партија.

Според извори на „Фронтлајн“, одговорот на Кукан е дека, за жал, „не може да се бираат браќата и сестрите“ и многу е тешко да се работи со нив, „бидејќи не сакаат да се променат“.

Воедно, тој се изразил пофално за премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, велејќи дека „тој го следел интересот на граѓаните и државата, а не теснопартискиот интерес“.

Ова се надоврзува на сознанијата за меѓународната изолација на ВМРО-ДПМНЕ за кои е пишувано уште во мај годинава, посочува порталот.

Слични содржини