Куќата на Хитлер ќе стане полициска станица

од Nikola Popovski

Австриската влада објави дека куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер ќе биде „неутрализирана“, односно ќе биде адаптирана во полициска станица.

Владата на таа земја ја купила родната куќа на Хитлер во Браунау на границата со Германија во 2016 година по присилна наредба, и по долгата расправија, со цел да го запре собирањето на неонацистите на тоа место, јавува Би-Би-Си.

Адаптацијата на куќата ќе ја изврши архитектонска компанија, а како што изјавил австрискиот министер за внатрешни работи, Херман Фејнер, ова отвора „ново поглавје“.

Промените со кои ќе се соочи зградата се „козметичко разубавување“ на фасадата и поставување нов покрив, а целата работа треба да заврши до 2023 година и ќе чини околу пет милиони евра.

„Неутрализацијата на целата локација е крајната цел“, рече тој.

Пред куќата, малите обележја означуваат дека Хитлер бил роден во таа куќа, а каменот пред куќата на кој пишува „никогаш повеќе фашизам“ ќе биде пренесен во музеј во Виена, јавуваат медиумите.

Хитлер поминал малку време во таа куќа од 17 век, затоа што неговото семејство се преселило во друга куќа во тоа подрачје неколку недели по неговото раѓање, а кога наполнил три години, го напуштил градот трајно.

Сепак, таа куќа привлекува голем број неонацисти, поради што властите решиле да го сопрат тоа.

Слични содржини