Куќата на премиерот на Белгија ишарана со кукасти крстови (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Куќата на премиерот на Белгија, Александар де Кро, утрово била ишарана со кукасти крстови.

Според локалните медиуми, седум кукасти крстови биле исцртани со спреј на куќата во која живее белгискиот премиер со своето семејство.

Белгиската полиција наведува дека досега не е пронајдена поврзаност помеѓу овој вандалски чин и вчерашните протести на крајната десница.

Премиерот изрази жалење за „уништувањето на приватниот имот и заплашувањето на неговото семејство“.

Слични содржини