Куќната помошничка го ограби, па го обвини за силување Тарик Филиповиќ

од desk2

Беспрекорната слика на талентиран актер, водител, верен сопруг и пријател, која 47 години ја гради хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ, деновиве ја доведе во прашање неговата куќна помошничка.

Имено, куќната помошничка Аница Јуриj, која Тарик ја тужи за кражба на семејното злато од неговиот дом, што и самата го признала, деновиве го смени сведочењето и го обвини славниот актер и водител за сексуален напад.

Таа тврди дека контроверзното злато во нејзината чанта се нашло како „изговор“ на Тарик, откако тој, наводно, ја нападнал на 11 март 2013 година, додека таа ја средувала чистата долна облека во неговиот дом.

„Жената дојде кај нас по препорака од пријатели, работеше неколку години и морам да признаам дека беше вредна. Кон неа се однесувавме со целосна почит и доверба, на крајот на краиштата, таа ги имаше клучевите од нашиот стан. И кога сфативме дека исчезна голема количина злато, емотивни спомени како дукатот што го добив за моето раѓање, златото што нашите деца го добиваа во разни пригоди и венчални прстени, ја соочивме со тој факт“, рече Филиповиќ за хрватскиот весник „Глорија“.

Тарик вели дека таа признала сѐ, плачела, се извинувала и потпишала признание со договор да се обиде да врати барем дел од украденото злато во текот на следната година.

„Но, бидејќи таа воопшто не се јави во таа година, решивме да ја тужиме. На суд ја измисли таа приказна дека сум ја нападнал и во нејзината чанта сум ѝ ставил злато. Мислам дека тоа не треба да се коментира. Дополнително, како датум на нападот таа го наведе мојот роденден на 11 март, токму кога се вратив дома од болница, каде што завршив по несреќа кога ме удри автомобил и едвај одев со помош на патерици. Тоа беше нејзиниот последен ден со нас, затоа што тогаш забележавме дека од мојата чанта фалат 100 долари“, рече Тарик додавајќи дека куќната помошничка дошла во нивниот дом преку пријатели и познајници, а откако сè излегло во јавноста, им се јавиле уште пет семејство кои исто така биле ограбени од истата куќна помошничка, но откако ѝ се заканиле дека ќе ја пријават во полиција, таа им вратила поголем дел од парите

Филиповиќ додава дека во моментов поминува многу убав период од живото, така што лажните обвинувања нема да го исфрлат од колосек. Неодамна тој беше со својата сопруга Лејла (43) и синовите Дино (16) и Арман (11) во Флорида и Торонто, каде што ја имаше 100. изведба на монодрамата „Ќиро“.

Слични содржини