Кукуреља: Навивач сум на Челси од дете

од Vladimir Zorba

Новото засилување на Челси, Марк Кукуреља, сподели дека навивал за тимот уште од своето детство. Тој вчера и официјално се пресели на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон за 65,3 милиони евра, со што стана најскапиот дефанзивец во историјата на „сините“ од Лондон.

„Здраво, сини! Конечно сум тука. Многу сум среќен што дојдов во тимот и исполнив еден од моите детски соништа – да играм за Челси. Едвај чекам да почнам“, напиша Шпанецот на Твитер.

Левиот бек ќе игра со број 32. Тој веќе го одработи првиот тренинг со својот нов тим.

Договорот на поранешниот фудбалер на Барселона со Челси е до 2028 година.

Слични содржини