Кула за одбрана од 19 век, која се наоѓа на една од најпознатите јужните точки на полуостровот Пелопонез во Грција, се претвори во пријатна куќа за гости. Таа се наоѓа во регионот на селото Мани и се вика “Tainaron Blue Retreat”.ce5aca91da55231c5af59ce98568e487

Малиот хотел е создаден од архитектите Костас Зувелос и Касиани Теодораку. Куќата има едноставен, но модерен дизајн. Таа располага со три спални, секоја со сопствен санитарен јазол, заедничка кујна и зона за појадок.

Кулата е изградена на еден рид и од неа се открива чудесниот поглед кон регионот, брегот и карпите.

Таа е целосно автентична, а внатре камените ѕидови се задржани, како контраст со модерниот, минималистички мебел.

Хотелот располага со прекрасен инфинити базен, кој се спои со морето и хоризонтот. Областа околу кулата е опкружена со дрвја и грмушки, обезбедувајќи сенка и приватност.

Благодарение на фактот дека архитектите ја чуваат оригиналната архитектура, денес куќата за гости нуди уникатно искуство и атмосфера.

Види фотографии од малиот хотел во галеријата.

efd65cdb8d0ed37be48915aebf0cef62 7e90f0c78349c030be90dea9e4d099cb 6b0417676e6ebbd6142b6fb443491ebd c5fc5c259fba548ddf0e9ee7b6bb663f 6ac39034bea2d43c677556a011cf2e89 a026ae379af5d22e2a900ab8396ce40d 190fee7490365786dac849e6e04c7f26 1c55d39d8b4f232cee6b8288316004cf 87a969d923b523c94cc9b2630750b842 fdbc0c9b2fddf4d95d86a84d2985443f f472ff412981beb73dc30d75fb484225 d41df48c7f5d57458c3cb94185dc7e40

Слични содржини