Кулибали се договори со Сити, Наполи бара 75.000.000 евра

од Vladimir Zorba

Калид Кулибали е близу до преселба во Манчестер Сити.

Стоперот и неговиот агент Фали Рамадани договорија се со Манчестер Сити, сега само чекаат англискиот клуб да се договори со Наполи за висината на обештетувањето.

Италијанскиот клуб бара 75.000.000 евра, пренесува добро информираниот новинар Фабрицио Романо.

Сити не е во добри односи со Наполи, поради трансферот на Жоржињо, кој наместо во Манчестер замина во Челси, па Рамадани ќе преговара во име на „граѓаните“.

Манчестер јунајтед и ПСЖ сеисто така заинтересирани за Кулибали.

Сенегалецот ќе биде второто засилување на позиција стопер на Сити во овој преоден рок, откако претходно пристигна Нејтан Аке од Борнемаут.

Слични содржини