Кулушевски на прагот на рекорд во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски е на прагот на рекорд во Премиер лигата. Швеѓанецот со македонски корени предизвика бура во тимот на Спарс по неговиот трансфер од Јувентус во зима и тоа се гледа од неговата статистика. Досега има 3 гола и 6 асистенции на 11 натпревари во елитата на Англија. Сите 6 негови асистенции дојдоа во 9-те натпревари во кои беше стартер.

Така, доколку стартува во стартните единаесет на средбата со Брајтон и успее да направи асистенција, ќе стане првиот играч во историјата на Премиер лигата со 7 асистенции во првите 10 натпревари како стартер.

Такво нешто досега нема постигнато ниту еден фудбалер. Откако Кулушевски пристигна во Тотенхем во зима, само неговиот соиграч Хари Кејн има исто толку асистенции – 6.

Кулушевски со својот добар настап му помогна на Тотенхем да забележи 4 последователни победи и да се искачи на топ 4, а моментално е фаворит за последното место давајќи право на настап во Лигата на шампионите.

Слични содржини