Кумановец измамен од роднина, му го продал возилото за 11.500 евра

од Берта Китинска

Кумановец бил измамен од член на семејството за 11.500 евра, информираше денеска полицијата. Оштетениот пријавил во полицијата дека ги очекувал парите од продажба на автомобилот на роднината, но, не ги добил, бидејќи возилото, како што наведуваат од полицијата, веќе било продадено.

– Лицето О.Х. од Куманово пријавило во полицијата дека бил измамен од член на неговото семејство за сума од 11.500 евра. Според пријавеното, неговиот роднина му понудил да му го продаде возилото, меѓутоа откако поминал подолг временски период, тој разбрал дека возилото било продадено, а тој не добил паричните средства, соопшти СВР Куманово.

Слични содржини