Кумановка фатена со кафеава и бела прашеста материја

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека полициски службеници од СВР Куманово денеска ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашеста материја и едно пакување со бела прашеста материја.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини