Куманово нема да се украсува за Нова Година: Средствата пренаменети за потребите на учениците

Општина Куманово ќе ги пренамени средствата наменети за одржување на празничниот концерт, огнометот и новогодишното украсување, за набавка на таблети и друга електронска опрема која ќе може да ја користат учениците за онлајн наставата, посочи градоначалникот на Кумново, Максим Димитриевски.

„Оваа година решивме да ги пренамениме средствата кои се предвидени за организација на концертот и за новогодишното украсување и огномет. Веќе дадов предлог до Советот со ребалансот на буџетот овие средства да се вметнат во ставката заштеда, а потоа да се пренаменат за набавка на таблети и друга електронска опрема, што учениците од нашата општина ќе ги користат за онлајн настава,“ истакна Димитревски на денешната прес конференција по повод Денот на ослободувањето на Куманово, 11. ноември.

Димитриевски, потенцираше и дека годинава поради пандемијата ќе има скромно одбележување и на празникот по повод 76-годишнината од ослободувањето, како и 501 година од постоењето на градот.

 

 

Слични содржини